Полската полиција го уапси напаѓачот кој рано утрово упадна во дом за сираци во градот Лоѓ, каде со нож уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата.
Loading...
Портпаролката на полицијата Анета Собјераѓ изјави дека полицијата многу брзо реагирала и го уапсила напаѓачот и дека е покрената истрага.
– За жал, во нападот загина шеснаесетгодишно девојче. Пет лица се задржани во болница – изјави Собјераџова.
Таа додаде дека на местото на нападот им била укажана помош на четири повредени лица.