Иранските власти егзекутираа две лица осудени на смрт поради богохулење, објави денеска иранскиот правосуден портал Мизан.
Loading...
Во извештајот на порталот се наведува дека Јусеф Мердад и Садролах Фазели Заре биле егзекутирани.
Злосторствата за кои се извршени овие казни се богохулење, навреда на исламот, пророкот Мухамед и други свети места, а не се наведува кога точно биле погубени, пренесува Ројтерс.
Според Мизан, двајцата уредувале „десетици онлајн антирелигиозни платформи посветени на омразата кон исламот, промовирањето на атеизмот и навредувањето на светите места“.
Експерти на ОН ги повикаа властите во Иран со мнозинство шиити да престанат со прогонот и малтретирањето на верските малцинства.