Олаф Шолц во Африка

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска пристигна во Етиопија, на почетокот на тридневната турнеја низ Источна Африка, при што ќе ја посети и Кенија, пренесоа африканските агенции.

Loading...

Во екот на зајакнувањето на влијанието на Пекинг и Москва на Црниот континент и неподготвеноста на поголемиот дел од Африка да заземе страна во руско-украинскиот конфликт, посетата на Шолц, меѓу другото, има за цел да истакне како Германија и Европската унија преземаат активности за да обезбедат мир и безбедност ширум светот, пренесува „Дојче Веле“.

„Не можеме да прифатиме поголема земја да напаѓа помала и да присвојува делови од нејзината територија. Глобалниот мир се заснова на концептот дека ниту една ревизионистичка амбиција не може да доведе до прекројување на границите. Руската инвазија на Украина во исто време има последици и за Африка, првенствено поради неизвесноста околу снабдувањето со житарки, храна, гориво и ѓубрива“, им посочи Шолц на новинарите пред неговото второ патување во Африка откако ја презеде функцијата канцелар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата

Во меѓувреме, поддршката на Берлин за иницијативата на Африканската унија (АУ) за постојано седиште во Г-20, ситуацијата во Судан и мировните операции на Црниот континент беа клучните теми на денешниот разговор на Шолц со Муса Факи, претседател на AU.

„Почитувањето на континентот, неговите бројни држави и неговото сè побројно население, бара тие да го имаат својот глас (на меѓународната сцена)“, рече Шолц.

Со премиерот на Етиопија, Аби Ахмед, Шолц и бројни членови на германската деловна делегација разговараа за зајакнување на економската соработка во светло на зголемениот прилив на кинески бизнис. Германија е водечки увозник на кафе од Етиопија (деветти светски производител).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сијамски близначки од Пакистан успешно разделени во Анкара

Во петок, според најавите, Шолц патува за Кенија, најголемиот економски партнер на Германија во регионот. Берлин и Најроби имаат долгогодишни врски.

Германија беше првата земја што отвори амбасада во независна Кенија во 1963 година.

Loading...

Новиот претседател на Кенија, Вилијам Руто, беше во инаугуративна посета на Берлин пред само еден месец.

Во меѓувреме, Руто се огради од Кина како економски партнер и експлицитно се спротивстави на руската војна во Украина.

Кенија беше една од ретките африкански земји кои во ОН ја осудија руската инвазија на Украина.

Се очекува Шолц и деловната делегација да посетат и голема геотермална централа во областа Рифт долина, во чија изградба учествуваа германски компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шериф упаднал во судницата во Кентаки и го изрешетал судијата