Димитриевски: Сите странски амбасадори се разочарани од судската власт, а Ковачевски нема контрола во својата Влада

Сподели со своите пријатели

“Сите странски амбасадори, вклучувајќи го и евроамбасадорот Гир којшто вчера излезе со одредени ставови, рекоа дека се разочарани од судската власт, а таа од ден на ден се повеќе се партизира и прави се повеќе преседани. Ковачевски ова треба да го менаџира како прв човек, но факт е дека работите не зависат од него бидејќи едноставно нема контрола над состојбата во својата Влада. Ковачевски има министри што работат како сакаат и што сакаат”, вели градоначалникот Димитриевски во интервју за ТВ24, коментирајќи ги актуелните случувања во државата и начинот на којшто се води извршната власт.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец се искачи на Килиманџаро - највисоката точка во Африка (ФОТО)

Според него, погубна е состојбата во државата, гледајќи неискоординираност помеѓу владините функционери, непочитување и носење спротивставени одлуки, а како пример го наведе случајот со Пионерскиот дом во Куманово.

“Не може премиерот да дојде во Куманово и да каже дека Пионерскиот дом ќе го реконструира или пак ќе го даде на општината, а после еден месец откако општината ќе поднесе официјално барање до Владата, да ви се врати негативно мислење и од владата и од ресорно министерство за труд и социјална политика бидејќи тие имаат план. А објектот според генералниот урбанистички план е за намена за образование, а не за министерство за труд и социјална политика. Тоа значи неискоординираност. Никој никого не почитува и тоа е погубно, дури и за мене бидејќи колку и да се големи разликите помеѓу нас, тој е и ваш и мој премиер”, истакнува Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Огромна површина зафатена од пожар во селото Војник (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)