НАТО: Руски авион ги прекршил правилата за безбедност на воздушниот сообраќај над Атлантик

Сподели со своите пријатели

Воздушната команда на НАТО соопшти дека ги подигнала своите авиони откако забележала патролен авион на руската морнарица за кој вели дека ги прекршил правилата за воздушна безбедност над Северен Атлантик.

Loading...

Се додава дека биле подигнати авиони од Велика Британија и Норвешка.

„Рускиот авион не леташе во согласност со меѓународните правила за воздушна безбедност и може да претставува опасност за другите авиони во регионот“, објави НАТО вчера на Твитер.