За три до пет денари од денес ќе бидат поскапи цените на цигарите на малопродажните места ниц целата држава, а новите цени се однесуваат за цигарите произведени во Тутунскиот комбинат Прилеп.
Поскапуваат Бренд, Европа, Сан, како и сите нови варијации на Малборо кои од 90 ќе се продаваат по цена од 95 денари за една кутија.
Од први јули годинава со зголемување на акцизите на цигарите од страна на Владата на Република Македонија, цигарите повторно ќе поскапат за три до пет денари.