Две лица се спасени од урнатините во Кина по земјотрес

Сподели со своите пријатели

Две лица беа спасени од урнатините по земјотресот со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала што во вторникот околу полноќ го погоди југозападниот кинески град Баошан.

Loading...

Нема информации за жртви, но жителите во близина на епицентарот во провинцијата Јунан се евакуирани од своите домови, објави денеска „Пекинг њуз“.

Железничкиот сообраќај во областа е обновен откако беше суспендиран заради безбедносна проверка по земјотресот, објави Ројтерс.