Судан: Паравоени единици пукале во турски авион за евакуација полн со луѓе, има ранети

Сподели со своите пријатели

Турски авион наменет за евакуација на луѓе бил застрелан од паравоените сили во Судан во моментот кога слетал во главниот град Картум.

Loading...

Во нападот е ранет член на екипажот.

Според суданската армија, авионот слетал безбедно и сега се поправа, пишува Daily Mail.

Да потсетиме, од 15 април во Судан се водат борби меѓу суданската армија и Силите за брза реакција (РСФ).

Конфликтот избувна меѓу единиците лојални на суданскиот воен владетел Абдел Фатах ал-Бурхан и РСФ предводени од Мохамед Хамдан Дагал, познат како Хемедти, кој е заменик-шеф на владејачкиот совет во кој беа вклучени и двајцата лидери.

Нивната борба за моќ ја оневозможи транзицијата кон цивилно владеење и предизвика страв од долга граѓанска војна.

Досега во Судан се убиени најмалку 500 луѓе, а повеќе од 4.000 се ранети. Светската здравствена организација стравува дека бројот на загинати би можел да биде значително поголем.