Најмалку 11 лица загинаа при превртување на траект во Индонезија

Сподели со своите пријатели

Најмалку 11 лица загинаа, а едно се води како исчезнато по превртување на траект во близина на источниот брег на индонезискиот остров Суматра, соопшти во петокот националната агенција за пребарување и спасување.

Loading...

Фериботот превезувал околу 74 луѓе до малиот остров Танјунг Пинанг во близина на соседен Сингапур и се сомнева дека удрил во труп околу 30 минути по испловувањето, соопштија официјални лица.

Во тек е потрага по едно лице кое сѐ уште се води како исчезнато, соопштија од спасувачката служба и додаваат дека се уште добиваат пријави од очевидци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Светски економски форум во Давос од 20 до 24 јануари