Германија: Комбе со мигранти од Сирија се судри со полициско возило

Сподели со своите пријатели

Комбе со 29 мигранти од Сирија се судрило со германски полициски автомобил откако возачот се обидел да ја избегне полициската контрола во близина на границата на Германија со Полска, соопшти денеска полицијата.

Loading...

Полицијата соопшти дека во судирот нема повредени, пренесе АП.

50-годишниот возач е под истрага поради сомнение дека шверцувал странци во Германија и го загрозил сообраќајот, а неговиот идентитет не е соопштен.

Комбето било запрено во близина на Герлиц во вторникот вечерта, а пред полицајците да го проверат возилото, возачот наеднаш забрзал и излетал.

По бркотницата, комбето се судрило со патролно возило во Маркерсдорф на неколку километри.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  39 години е во затвор за брутално убиство во Британија. Сега би можел да бидеш слободен.

Германската полиција соопшти дека на мигрантите од Сирија не им била потребна медицинска помош.