Ерменија поднесе тужба против Азербејџан до Меѓународниот суд на правдата (МСП) поради воспоставување контролен пункт на коридорот Лачин, изјави денеска прес-секретарот на канцеларијата на ерменскиот претставник за меѓународни правни прашања, Хасмик Самвелјан.
Ерменската страна поднесе жалба до Меѓународниот суд на правдата во врска со воспоставувањето контролен пункт на коридорот Лачин, на границата со Ерменија, што е прекршување на судската одлука од 22 февруари оваа година, изјави Самвелјан за ТАС С.
Руските мировници преговараат со Баку за ситуацијата во врска со контролниот пункт на Коридорот Лачин.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел изјави дека одлуката на Азербејџан за коридорот Лачин е во спротивност со ставот на Унијата.
Ерменското Министерство за надворешни работи оцени во неделата дека воспоставувањето контролен пункт на коридорот Лачин е флагрантно кршење на трипартитната декларација од 2020 година.
Азербејџан во неделата соопшти дека поставил контролен пункт на коридорот Лачин, единствениот копнен пат до спорниот регион Нагорно-Карабах, по пукотниците на границата меѓу азербејџанските и ерменските сили.
Азербејџан соопшти дека поставил контролен пункт затоа што Ерменија, наводно, го користи патот за транспорт на оружје.
Ерменските власти соопштија дека Азербејџан поставува „нелегален контролен пункт на мостот Хакари на коридорот Лачин, единствениот пат низ Азербејџан што ја поврзува Ерменија со Нагорно-Карабах.
Нагорно-Карабах е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но неговите 120.000 жители се претежно етнички Ерменци кои се отцепиле од официјален Баку во војната во 1990-тите.