Индија неделава ќе ја престигне Кина по бројот на жители

Сподели со своите пријатели

До крајот на оваа недела Индија ќе ја престигне Кина и ќе стане најнаселената земја во светот, објавија Обединетите нации.

Loading...

Населението на Индија се очекува да достигне 1.425.775.850 до крајот на април, според најновите податоци на Одделот за економски и социјални прашања на ОН (DESA).

Одделот на ОН рече дека конкретниот датум кога се очекува Индија да ја надмине Кина по население е приближен и предмет на ревизија.

Фондот за население на ОН минатата недела предвиде дека Индија ќе ја престигне Кина во однос на населението до средината на оваа година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Германскиот претседател во божиќниот говор: Падот на владата не значи крај на светот

Азиските нации сочинуваат повеќе од една третина од светската популација повеќе од 70 години.

Фондот за население на ОН минатата недела соопшти дека Индија ќе има 2,9 милиони луѓе повеќе од Кина до средината на оваа година.

Стапката на наталитет во Кина неодамна опадна, а нејзиното население се намали минатата година за прв пат од 1961 година.

Населението на Кина би можело да падне под една милијарда до крајот на векот, соопшти ДЕСА.

Loading...

„Спротивно на тоа, се очекува населението на Индија да продолжи да расте неколку децении“, се вели во извештајот.

Сепак, стапките на фертилитет паѓаат и во Индија – од 5,7 раѓања по жена во 1950 година на 2,2 раѓања по жена денес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Експлозија во фабрика во Турција, најмалку 12 лица загинаа

Во ноември минатата година, светската популација надмина осум милијарди.

Експертите велат дека растот на населението не е толку брз како порано и сега е со најбавно темпо од 1950 година.