УХМР најавува нестабилно време со дожд и грмежи

Сподели со своите пријатели

Од денес попладне до среда (26.04) времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, засилен до силен ветер и услови за ситен град.

Во среда ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура за неколку степени.

Во четврток и петок утринските температури ќе бидат пониски, велат од УХМР.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе се реконструираат фонтаните на плоштадот и кај Спортската сала (ВИДЕО)