Од Судан евакуирани 11 државјани на Србија

Сподели со своите пријатели

Во тек е евакуација на странски државјани и дипломатски претставништва од Судан, пишува РТС.

Loading...

Од стотина граѓани на Србија, колку од нив живеат и работат во Судан, 28 се пријавиле за евакуација преку Кризниот штаб на Министерството за надворешни работи на Србија. 11 од нив се на пат кон дома.

Помошникот министер за надворешни работи за конзуларни прашања Марија Живковиќ за РТС изјави дека денеска од Картум се евакуирани вкупно 11 граѓани, од кои четворица биле евакуирани со конвој на Обединетите нации, шест со конвој на Обединетите Арапски Емирати, додека еден српски државјанин бил евакуиран од конвој организиран од Турција.

„Што се однесува до граѓаните кои сѐ уште чекаат евакуација во Картум, по разговорот меѓу министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ и министерот за надворешни работи на Франција, добивме уверување дека ќе бидат во францускиот конвој за евакуација“, вели Живковиќ.

Тој посочува дека интернетот во Картум е прекинат, а телефонските линии не работат, поради што комуникацијата со српските граѓани е отежната.

„Не знаеме дали успеале да стигнат до француската амбасада. Се разгледуваат и други можности за евакуација за кои навремено ќе ја информираме јавноста“, посочува Марија Живковиќ.