Цените на нафтата на светскиот пазар паднаа поради стравувањата од побарувачката поттикнати од лошите глобални економски податоци и можноста за дополнително зголемување на каматните стапки.
Меѓународната референтна цена на нафтата „брент“ утринава изнесуваше 80,44 долари за барел по падот на цената од 1,25 отсто.
Американскиот репер West Texas Intermediate (WTI) се тргуваше за 76,83 долари за барел, откако падна за 1,34 отсто.
Зголемувањето на каматните стапки, загриженоста за глобалната економија и можноста за пад на побарувачката на гориво предизвикаа пад на цените на горивата.
Цените на нафтата беа под притисок на очекувањата дека централните банки во САД, Велика Британија и Европа ќе ги зголемат каматните стапки во првата недела од мај за да се борат против високата инфлација.