(ВИДЕО) Возило на кумановската болница се преврте во сообраќајка: Повредени неколку лица

Сподели со своите пријатели

Возило за Итна помош на Општа болница Куманово вчеравечер учествувало во сообраќајна незгода во Скопје, при што се повредени неколку лица.

Loading...

Како што пишуваат националните медиуми повикувајќи се на сведоштва на очевидци возилото на кумановската болница се превртело три пати од силината на ударот.

Со најтешки повреди се здобил возач на „фолксфаген туран“ кој се судрил со кумановското амбулантно возило.

Повредени се и пациентот кој бил транспортиран и медицинската сестра која била со него, како и возачот на Итната помош.

– Пријавено дека во Скопје на крстосницата од бул.“Климент Охридски“ и ул.“Св.Кирил и Методиј“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило “фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки управувано од Ч.Д.(57) од Скопје и возило “мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки сопственост на Итна медицинска помош управувано од В.С.(23) од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ч.Д., а со телесни повреди се здобиле возачот на возилото од Итна медицинска помош, сопатничката од истото возило А.К.(40) и лицето кое се превезувало како пациент Ж.Ц.(72) двајцата од Куманово констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’ и Градската општа болница ‘Св.Наум Охридски’“, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прекин на улично осветлување во дел од центарот на Куманово

 

Никола Ивановски

Loading...