Данска и Холандија ќе донираат 14 тенкови Леопард 2 на Украина

Сподели со своите пријатели

Данска и Холандија заеднички ќе донираат 14 тенкови Леопард 2 на Украина, соопштија денеска двете земји.

Loading...

Тенковите Леопард 2А4, кои ќе бидат купени од трета страна и ќе бидат обновени, се очекува да бидат испорачани во првиот квартал на 2024 година, се вели во заедничката изјава на двете земји, пренесе Ројтерс.

– Апсолутно е клучно за надежта дека Европа ќе биде мирна и безбедна, дека не им дозволуваме на Украинците сами да војуваат – изјави вршителот на должноста министер за одбрана на Данска Троелс Лунд Поулсен.

Во февруари, Данска, Германија и Холандија објавија дека ќе ги здружат ресурсите за да обноват најмалку 100 стари тенкови Леопард 1 од индустриските резерви и да ги испорачаат во Украина оваа и следната година.