Индија годинава ќе ја престигне Кина по бројот на население

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации објавија проценка дека Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја до средината на 2023 година.

Loading...

Населението на Индија ќе биде 1,4286 милијарди, а на Кина 1,4257 милијарди, се вели во извештајот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) за состојбата на светската популација.

Населението на Кина се намали минатата година за прв пат во повеќе од шест децении, покажаа официјалните податоци на почетокот на оваа година.

Извештајот на УНФПА, исто така, проценува дека светската популација ќе достигне 8,045 милијарди до средината на оваа година.

Индија нема официјални податоци за населението, бидејќи нема спроведено попис од 2011 година.