Пожар избувна во болница во Пекинг, загинаа 29 лица (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пожар избувна во болница во Пекинг вчера околу 13 часот по локално време, при што загинаа најмалку 29 лица.

Loading...

На видеата кои се појавија на социјалните мрежи може да се забележи како излегува чад од неколку болнички прозорци и како луѓето се обидуваат да побегнат од огнената стихија, пишува CNN.

Некои се качиле на надворешната страна на зградата и на клима уредите, едно лице направило јаже од постелнина за да се спушти од прозорецот, а друго скокнало од подот до долната тераса.

Тоа е еден од најсмртоносните пожари во Пекинг во последните години. Властите покренаа истрага, а во врска со инцидентот веќе се уапсени 12 лица.