Висок лидер на ИСИС убиен во акција на САД во Сирија

Сподели со своите пријатели

Висок лидер на терористичката организација ИСИС е убиен во понеделник на 17 април во американски хеликоптерски напад на северот на Сирија, соопшти Централната команда на американските сили ЦЕНТКОМ.

Loading...

Тие изјавија дека Абд-ал-Хади Махмуд ал-Хаџи Али е убиен.

„Утринава силите на CENTCOM го убиле Абд-ал-Хади Махмуд ал-Хаџи Али, водач на ИСИС и оперативен планер одговорен за планирање терористички напади на Блискиот Исток и Европа“, се вели во соопштението.

Тие потврдија дека се убиени уште двајца членови на терористичката група.

„Операцијата беше започната откако разузнавачките служби открија заговор на ИСИС за киднапирање службеници во странство како потпора за иницијативите на ИСИС“, се вели во соопштението.