Раст на кинескиот БДП од 4,5 отсто на годишна основа во првиот квартал

Сподели со своите пријатели

Бруто домашниот производ на Кина забележа годишен раст од 4,5 отсто во првиот квартал од оваа година, објави денеска Националното биро за статистика.

Loading...

На квартално ниво кинеската економија забележа раст од 2,2 отсто во првите три месеци, пренесува агенцијата Синхуа.

„Националната економија на Кина направи добар почеток оваа година, а очекувањата на пазарот значително се подобрија“, изјави Фу Лингхуи, портпарол на Националното биро за статистика.

Кинескиот БДП во 2022 година забележа раст од три отсто, пренесува Танјуг.