Авионите на НАТО секојдневно извршуваат околу 110 шпионски мисии над Полска, Романија и Црното Море, според објавените документи на Пентагон до кои имал пристап „Њузвик“.
Извидувачките мисии користат комбинација од колектори на разузнавачки сигнали U-2 и американски и британски RC-135, како и мобилни детектори за копнени цели JSTARS, беспилотни летала Reaper и извидувачки авиони Artemis CL-650.
„Њузвик“ пишува дека американските пресретнувачи полетуваат од воздушните бази во Ласк и Повиј во Полска.
„Вашингтон пост“ претходно овој месец објави дека руски борбен авион за малку ќе соборел британски извидувачки авион над Црното Море во 2022 година.
Тајмс објави дека Русија ги подигнала своите авиони најмалку шест пати помеѓу крајот на септември и февруари за да ги избрка шпионските авиони на НАТО.