АПМ ја поздравува одлуката за одлагање на парламентарните избори

Сподели со своите пријатели

Алијансата за позитивна Македонија ја поздравува одлуката на Собранието на Република Македонија за одлагање на предвремените парламентарни избори за 5 јуни 2016, се вели во партиското соопштение на партијата испратено до медиумите.

Воедно, АПМ ги поздравува напорите на Меѓународната заедница за обезбедување на фер и демократски избори во Македонија и враќањето на Македонија кон евро-атланскиот пат.

Сакаме да ја потсетиме јавноста дека АПМ повеќепати сугерира и се залага за спроведување на фер и демократски избори што е можно само преку прочистување на избирачкиот список, уредување на медиумската сфера и почитувањето на препораките на ОБСЕ/ОДИХР од последните парламентарни избори.

Исто така АПМ е сé повеќе убедена дека сегашниот политички естаблишмент во Македонија, нема капацитет и услови да ја доведе Македонија до организирање на фер и демократски избори и поради тоа предлага, да се воспостави техничката влада како меѓународен политички борд и технички премиер од редот на странски искусни политичари, имајќи во предвид и изјавата на техничкиот премиер Емил Димитриев дека сака да отстапи функцијата, се вели во сооштението на АПМ.