„Фолксваген туран“, сопственост на четирисетгодишен скопјанец ноќва нешто пред полноќ бил опожарен во Куманово.
Пожарот настанал непосредно откако возачот пристигнал во двор во селото Тромеѓа, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.
– На 11.04.2023 во 22.37 часот во СВР Куманово било пријавено во дворно место во с.Тромеѓа, кумановско, сопственост на М.П., настанал пожар во патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на А.С.(40) од Скопје, кој непосредно пред тоа пристигнал во дворот со возилото, велат од кумановската полиција.
Според информациите на Регионалниот центар за управување со кризи, петмина пожарникари на Територијалната противпожарна единица учествувале во гаснење на огнот во период од 22:35 до 23:35 часот.
Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР Куманово.
Никола Ивановски