На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошничката валути благо падна втор ден по ред.
Индексот на доларот кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути се движи околу 102,07 поени, додека вчера во овој момент изнесуваше 102,36 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 133,40 на 133,60 јени.
Сепак, американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0925 долари, додека вчера во овој момент беше 1,0875 долари.
Цените на нафтата, пак, стагнираат по вчерашниот раст.
Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми за 0,02 отсто, на 85,65 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 0,01 отсто, на 81,52 долари.