Макрон во Холандија по контроверзната посета на Кина

Сподели со своите пријатели

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе ја посети Холандија, при што во холандскиот институт „Нексус“ во Хаг ќе зборува за европскиот суверенитет во областа на безбедноста и економијата.

Loading...

Франс прес наведува дека за време на посетата на Макрон на Холандија посебно внимание ќе се посвети на неговите ставови кои неодамна ги искажа за поврзаноста на Европа со Америка и Кина.

Макрон, кој се врати од посетата на Кина минатата недела, предизвика критики велејќи дека Европа не смее да биде следбеник на Вашингтон или Пекинг кога е Тајван во прашање.

Говорот ќе го одржи во холандскиот институт Нексус по интервјуто дадено за француските медиуми во кое нагласи дека Европа не сака да зависи од другите за прашања како што се енергијата, вештачката интелигенција и социјалните мрежи.

Во истото интервју Макрон посочи дека постои ризик Европа да се вклучи во кризи кои не се нејзини и дека треба да биде „помалку зависна од Американците“ во одбранбениот сектор, што покрена многу прашања.

Директорот на полскиот институт за меѓународни односи, Славомир Дебски, коментираше дека „мозочната смрт несомнено се случила некаде“, со што укажа на изразот што го употреби францускиот претседател во 2019 година кога го опишува НАТО.