Бразилската инфлуенсерка Џели Џи решила да ѝ отстранат дел од јазикот бидејќи тоа влијаело на нејзината способност да се бакнува.
Таа имала процедура за отстранување на јазичниот френелум, мала мембрана сместена под јазикот.
Таа вели дека операцијата ѝ помогнала да стекне поголема самодоверба, пренесува Daily Star.
View this post on Instagram
Инаку, оваа мембрана понекогаш може да биде премногу кратка или премногу затегната, што може да предизвика тешкотии во зборувањето или дишењето.
Како што вели, покрај говорот, Бразилката ја мачело и влијанието на мембраната врз нејзиниот љубовен живот.
– Јазичниот френулум многу ми пречеше кога флертував. Бидејќи мојот говор беше компромитиран, имаше луѓе кои се смееја. Покрај тоа, ми беше тешко кога се бакнував – им кажала на фановите.
View this post on Instagram
Операцијата ја извршил стоматолог специјализиран за таканаречената лингвална френектомија, а инфлуенсерот брзо закрепнал.
Таа рече дека никогаш не се чувствувала посигурна во нејзиниот љубовен живот. Единствено жали што не заминала под нож порано.
– Операцијата беше една од најдобрите работи што ги направив во мојот живот. Таа ми го подобри животот за 100 отсто – изјавила таа.
View this post on Instagram
Исто така, вреди да се напомене дека Џели Џи еднаш се пофали дека ја има најголемата уста на светот.