Димитриевски со честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски денеска упати честитка до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на ромите.

Loading...

Честитката ја пренесуваме интегрално во продолжение:

„Почитувани сограѓани Роми, пријатели и колеги, Вие сте значаен, составен дел од нашето мултикултурно Куманово.

Интегрирање и поголемо вклучување на Ромите како рамноправни и активни чинители во општеството е наша должност и обврска.

Да се почитуваме и да се грижиме едни за други, бидејќи само така нашето општество може да се развива и гради во вистинската насока!

Честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите на сите припадници на ромската заедница!

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Продолжува поставувањето полуподземни контејнери низ Куманово (ВИДЕО)

Bahtalo o 8 April – e Romengoro Maškardžijaneskoro Dive!“ – напиша Димитриевски.

Никола Ивановски

Loading...