Зеленски вети дека украинското жито само ќе помине низ ЕУ на пат кон Африка

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, во средата во Варшава вети дека во иднина житото и другите земјоделски производи од неговата земја ќе транзитираат само преку Полска и другите земји од Европската унија.

Loading...

Според него, тие земјоделски производи не смеат да го дестабилизираат европскиот пазар, во пристаништата во кои ќе пристигнат само ќе се претоваруваат и испраќаат во Африка и Блискиот Исток, а решението треба да бидат заклучени контејнери.

„Претседателот (на Украина) Зеленски даде цврсто ветување дека во рок од една или две недели ќе биде потпишан договор за жито и други земјоделски производи кои транзитираат во заклучени контејнери. Тие ќе минуваат низ Полска само за да бидат испратени во други земји“, изјави портпаролот на полската влада Пјотр Милер за приватната телевизија Полсат.

За протестите на земјоделците поради украинското жито што ги окупираше силосите во Полска и што препродавачите и трговците ги пуштија на пазарите таму и некои други земји од ЕУ, претседателот на Полска Анджеј Дуда денеска изјави дека не само украинското жито е виновно за пад на цените и проблемите на полските земјоделци.

„Ако ги погледнеме цените пред една година, пред војната, тие беа дури и пониски од сега. На крајот на минатата година тие се зголемија енормно, потоа паднаа, но повторувам, и денес се повисоки од пред една година. Сепак, ја разбирам огорченоста на полските земјоделци бидејќи тие би сакале цените да бидат што е можно повисоки“, рече Дуда во интервју за државното радио.

Дуда се залагаше за заострување на контролите на украинско-полската граница што ќе ги спречи шпекулантите бидејќи тие се најголемиот проблем за полските земјоделци.

Во средата, полскиот министер за земјоделство и рурален развој, Хенрик Ковачиќ, поднесе оставка, како што објасни, бидејќи не успеал да ја натера Европската комисија да ги врати царините за жито од Украина, што беше прв услов за земјоделците од алијансата Агроунија и иницијативата Измамено село да се откаже од најавените протести и блокади на патишта.

Новиот министер има рок до крајот на велигденските празници да ги изнесе деталите за ветеното обештетување од владата на земјоделците од 2,1 милијарди евра, поради украинските житарки.

Loading...

Министерот е задолжен да изнајде решение за тоа дека украинскиот извоз навистина транзитира само до пристаништата на Балтикот, за што поскоро да биде претоварен и да се упати кон Блискиот Исток и Африка.

Во спротивно, Агроунија се закани дека цела Полска ќе застане поради блокади.