Трамп денеска формално ќе биде уапсен. Еве што значи тоа!

Сподели со своите пријатели

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, технички гледано, ќе биде уапсен денеска.

Loading...

Процесот на сослушување пред суд за извршување на потенцијално кривично дело опфаќа и формално апсење.

Во тој процес судските службеници ќе му земаат отпечатоци од прсти на поранешниот претседател, ќе треба да ги пополнат потребните документи, а службените лица ќе проверат дали против него има друга кривична постапка.

Потоа ќе прочита т.н Миранда права, односно ќе го потсетат дека има уставно загарантирано право на адвокат и право да не разговара со полиција.

Судот најверојатно ќе му излезе пресрет

Но, се очекува судот да застане на страната на Трамп во текот на тој процес.

Адвокатскиот тим на Трамп објави дека поранешниот претседател нема да биде врзан со лисици за време на апсењето, а судот може да му дозволи да влезе во судницата преку задниот влез.

Имено, влегувањето во предниот влез на судот очекувано би предизвикало огромно внимание кај насобраните медиуми и јавноста.

Би-би-си наведува дека тешко дека полицијата ќе го фотографира Трамп за евиденција.

Loading...