Америка сè уште истражува дали кинескиот балон успеал да ги испрати податоците

Сподели со своите пријатели

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден соопшти дека не може да ги потврди извештаите дека Кина успеала да собере податоци од шпионскиот балон што беше соборен над САД на почетокот на февруари, и дека истрагата сѐ уште е во тек.

Loading...

NBC News во понеделникот, цитирајќи двајца високи претставници на САД, објави дека кинескиот балон има способност да испраќа податоци во Пекинг во реално време, и покрај обидите на американската влада да спречи такво нешто.

Белата куќа и Пентагон им рекоа на новинарите дека не можат да го потврдат тврдењето.

Пентагон соопшти дека експертите сè уште анализираат делови од остатоците од балонот што беше соборен на 4 февруари, пренесе Ројтерс.

„Не можам да потврдам дека во тоа време имало пренос во Пекинг во реално време. Ова е нешто што во моментов го анализираме“, рече портпаролката на МНР.

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска повтори дека Пекинг јасно ставил до знаење дека беспилотниот цивилен објект што прелета над територијата на САД е „неочекуван и изолиран инцидент“.

„Кина го отфрла извртувањето на вистината и кревањето прашина околу овој инцидент“, рече портпаролката Мао Нинг.

Како што додава британската новинска агенција, балонот, за кој Пекинг негира дека е шпион, поминал една недела летајќи над Америка и Канада, пред американската војска да го собори, по што паднал во близина на брегот на Атлантикот, пренесува Танјуг.

Loading...