УХМР предупредува на можни излевања, одрони и свлечишта

Сподели со своите пријатели

Под влијание на циклонска активност денес ќе има врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат поројни и обилни (над 30 л/м 2 ).

Loading...

Во југоисточните делови врнежите ќе бидат проследени со грмежи, додека на планините и на некои повисоки места во западните делови врнежите до крајот на денот ќе преминат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостоите на реките низ земјава, но со очекуваното преминување на врнежите во вид на снег за време на ноќта и водостојот на реките би се зголемувал со помал интензитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прва самостојба излобжа на фотографот Виктор Трајковски

– Сепак, предупредуваме на можна опасност од појава на големи води, пред се кај помалите реки и суводолиците, кај кои доколку се остварат прогнозите и локално паднат поголеми количини на врнежи, можни се и локални излевања. Исто така, во одредени делови на земјата можни се појави на одрони и свлечишта, велат од УХМР.

Можни се и проблеми во дел од градските средини, велат од УХМР, каде би се појавиле интензивни врнежи и во форма на невреме со ветер и град.

– Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците во текот на попладневните часови и за време на престојната ноќ, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  29-годишен кумановец викендов приведен поради возење под дејство на алкохол