Древниот латински ракопис, кој бил направен со корици од човечка кожа во Казахстан, останува мистерија.
Покриен со човечка кожа на кориците, делото од 330 страници, напишано на стар латински во 1532 година, е изложено во Музејот на ретки книги во Националната академска библиотека во главниот град Астана.
Книгата е донирана на библиотеката од приватен колекционер во 2014 година и оттогаш е изложена во музејот, изјави Молдир Толепбеј, експерт во Научниот оддел на Националната академска библиотека.
„Книгата, која му припаѓа на северноиталијанскиот нотар по име Петрус Пуардус, е напишана на стар латински во 1532 година. Се состои од вкупно 330 страници, но експертите во моментот успеале да ги прочитаат само првите 10 страници“, додаде тој.
Толепбеј нагласи дека книгата се состои од податоци за влезни и излезни сметки, кредит и хипотека, но дека ракописот не е целосно дешифриран.
„Делото беше испитувано во лабораторијата на Националниот центар за медицински науки во Астана. Откриено е дека книгата е со корици од кожа од човечки грб“, истакна Толепбеј.
Националната академска библиотека содржи речиси 13.000 ретки книги, вклучувајќи специјални книги направени од змиска кожа, скапоцени камења, свилена ткаенина и златен конец.