Ова е листата европски земји чии жители најмногу веруваат во Бога

Сподели со своите пријатели

Објавен е списокот на европски земји чии жители најмногу веруваат во Бога.

Листата ја објави Инстаграм профилот Landgeist, а според истражувањето спроведено од Истражувачкиот центар Пју.

Истражувачкиот центар Пју редовно спроведува истражувања на јавното мислење во земјите како дел од неговото тековно истражување за ставовите и вредностите.

За време на нивното истражување, тие објавија листа на земји чии жители најмногу „со апсолутна сигурност“ веруваат во бог.

Босна и Херцеговина е на прво место со 66 отсто од луѓето кои веруваат во Бог.

Втора на листата е Романија со процент од 64 и Грција, чиј процент на верници бил 59.

Што се однесува до земјите од регионот кои се најдоа меѓу првите десет на листата, Србија и Хрватска го зазедоа четвртото, односно петтото место.

Тие наведуваат дека населението на Југоисточна Европа повеќе верува во Бог отколку остатокот од континентот.

Од друга страна, во овој регион една земја е специфична, а тоа е Бугарија. Процентот на населението што верува во Бог во Бугарија е само 30 проценти.

Македонија не е на листата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Landgeist Maps (@land_geist)