Вкупно 799 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил во последното деноноќие информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив најбројни биле возрасни мажи вкупно 333, зад нив се 285 деца во придружба од родител или старател,како и седум деца како самостојни ноители н потврдата и 164 возрасни жени.
Според државјанството, 476 потврди се издадени на државјани на Авганистан, потоа 234 на сржавјани на Сирија и 89 потврди се издадени на државјани на Ирак, со што вкупната бројка од почетокот на годината до сега изнесува 83.987.
До Секторот за азил во последните 24 часа не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.