Што ќе се случи ако Трамп биде уапсен? Ова е процедурата!

Сподели со своите пријатели

Доналд Трамп е на Флорида и таму чека можно апсење поради обвиненијата поврзани со исплата на 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Даниелс во 2016 година, т.е. фалсификување на правни исправи.

Loading...

Би-би-си ги издвои петте најважни факти кои треба да се знаат за споменатиот случај.

За што всушност е обвинет Трамп?

Во 2016 година, ѕвездата од филмовите за возрасни Сторми Даниелс контактираше со медиумите нудејќи докази за аферата што ја имала со Доналд Трамп во 2006 година.

Тимот на Трамп дознал за тоа, а потоа неговиот адвокат Мајкл Коен ѝ плати на Даниелс 130.000 долари за да молчи за тоа.

Таквиот договор не е незаконски.

Но, во записникот од уплатата стои дека се работи за правни трошоци.

Обвинителите велат дека Трамп фалсификувал деловни документи, што е кривично дело во Њујорк.

Обвинителите, исто така, потенцијално би можеле да тврдат дека ова го прекршува изборниот закон бидејќи, како што велат, неговиот обид да ги скрие исплатите на Даниелс бил мотивиран од тоа што не сакал гласачите да дознаат дека тој имал афера со порно ѕвезда.

Loading...

Прикривањето со фалсификување евиденција е кривично дело.

Дали навистина ќе биде обвинет?

Одлуката за поднесување обвиненија сега е на окружниот обвинител на Њујорк, Алвин Брег.

Тој назначи голема порота да испита дали има доволно докази за кривично гонење, и тој е единствениот кој знае дали – или кога – ќе биде издадено обвинение.

Да потсетиме, минатата недела адвокатите на Трамп изјавија дека на поранешниот претседател му била понудена можност да се појави пред големата порота, што се смета за знак дека истрагата е блиску до завршување.

Мајкл Коен, некогаш најголемиот сојузник на Трамп, а денес главен сведок на обвинителството, како и неговиот поранешен правен советник Роберт Костело – кој, пак, се обиде да го дискредитира сведочењето на Коен – сведочеа во последните денови.

Сè уште не е познато дали големата порота ќе сослуша уште сведоци.

Што ако биде осуден?

Доколку Трамп биде обвинет, тој би станал првиот човек кој бил уапсен додека бил претседател на САД.

Документот што ги содржи официјалните обвиненија против Трамп нема да биде објавен додека судијата не ги прочита обвиненијата против него.

Loading...

Со оглед на преседанот на таков потег и безбедносните грижи, деталите за пристигнувањето на Трамп во Њујорк не се познати.

Адвокатите на Трамп посочија дека тој сигурно ќе соработува со властите во Њујорк, што значи дека нема да биде распишана потерница за негово апсење.

Како ќе изгледа постапката за апсење?

Како дел од преговорите со обвинителите, судот може да се согласи и да му дозволи на Трамп дискретно да влезе во судницата, за да ги избегне медиумите.

Меѓутоа, кога ќе влезе во зградата, на Трамп ќе му земат отпечатоци и ќе го фотографираат официјални лица, исто како и секој обвинет за кривично дело.

Ќе му бидат прочитани, од филмовите и сериите добро познати „Миранда“, законските права во кои се потсетува на уставно заштитеното право на адвокат и правото да одбие да разговара со полицијата.

Обвинетите за кривични дела обично се врзуваат привремено со лисици, но адвокатите на Трамп ќе се обидат да избегнат такво сценарио за нивниот клиент.

Во текот на целиот процес него ќе го следат агенти на тајната служба.

Пред да се појави пред судијата, Трамп потоа поминувал време во ќелија.

Loading...

Делот од процесот во кој обвинетиот ја признава вината пред судијата е секогаш отворен за јавноста.

Прекршочната пресуда би резултирала со парична казна. Доколку биде прогласен за виновен за злосторството, Трамп ќе се соочи со максимална казна од четири години затвор.

Правните експерти предвидуваат дека е поверојатна парична казна и дека Трамп најверојатно нема да заврши зад решетки.

Дали сѐ уште може да се кандидира за претседател на САД?

Обвинението, па дури и затворската казна нема да го спречи Трамп да ја продолжи својата претседателска кампања.

Тој веќе даде јасни сигнали дека ќе продолжи со кампањата без разлика на исходот пред судот.

Нема ништо во американскиот закон што го спречува кандидатот осуден за кривично дело да води кампања, па дури и да служи како претседател – дури и од затвор.

Loading...