Американскиот град Лос Анџелес го погоди најсилното торнадо од 1983 година, а досега едно лице е повредено.
За разлика од некои делови на САД, не е често да се види торнадо во Лос Анџелес и во Калифорнија воопшто.
Токму затоа жителите беа изненадени од овој временски настан кој заврши со повреди на едно лице.
Ова е најсилното торнадо во оваа сојузна држава во последните 40 години.
Сепак, успеа значително да оштети некои делови од градот. Од 17 погодени згради, 11 се сметаа за премногу оштетени за да бидат безбедни.
Ова торнадо доаѓа во време кога Лос Анџелес, како и остатокот од Калифорнија, минуваат низ едни од најлошите поплави во историјата на државата.
Само околу Сан Франциско, уште еден голем град во Калифорнија, пет лица загинаа во вторникот, на 21 март.
Вкупно, од крајот на 2022 година кога започнаа, овие временски непогоди однесоа 22 животи, пишува CNN.
Tornado hits south maple ave in Montebello tearing the roof off multiple buildings and destroying multiple cars pic.twitter.com/yJrbuPMccj
— SaveArtsakh (@njtehcherchian) March 22, 2023