Поранешен припадник на американските вооружени сили убил активен припадник на американската војска и три деца во својот дом во Јужна Каролина во средата, на 22 март, пред да се самоубие, соопштија локалните власти.
Двајца американски функционери, кои побараа анонимност, потврдија дека е во тек кривична истрага, а двајцата сторители на злосторството се припадници на американската војска.
Три деца и двајца мажи биле пронајдени во вторник, на 21 март, во 22:30 часот без знаци на живот во куќа на плоштадот Вајттајл во градот Самтер, соопшти локалната полиција.
Во соопштението на американската армија се наведува дека жртвата на пукањето е војник доделен во командата на воздухопловната база Шо, а убиецот кој се самоубил по злосторството бил поранешен припадник на американската армија, пренесува Независне новине.
– Училишниот округ Самтер тагува за загубата на тројцата ученици, двајцата браќа близнаци кои учеа во основното училиште Милвуд и едно момче кое го посетуваше средното училиште Алис Драјв, потврди претставник на локалното училиште.

