Претрес во Куманово, пронајдена дрога

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишен кумановец бил приведен вчера откако во неговиот дом полицијата пронашла марихуана и дигитална вага.

Loading...

– На 22.03.2023 во 17.40 часот во Куманово, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово го лишиле од слобода А.М.(27) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваа од полициајта, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага и предмети со остатоци од марихуана.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  УХМР најавува невреме. Температурите остануваат екстремно високи