Откако претходно ги интервјуираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев, министерот за внатрешни работи од редовите на СДСМ, Оливер Спасовски, и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, уредничката на Канал 5 телевизија, Ирена Богатинова, овој пат во вестите на интервју ја повика Фросина Ташевска – Ременески, актуелна министерка за труд и социјална политика.
Се разговараше на неколку теми, меѓу кои и медиумите, а Ременски не ја пропушти можноста да нагласи дека провладините медиуми не објавуваат демантирања на информациите од страна на опозицијата, туку работат во корист на власта.
Целосното интервју е прикачено на социјалните мрежи.