Пакистан: 11 лица беа убиени во семејна одмазда стара 50 години

Сподели со своите пријатели

Вооружени напаѓачи убиле локален политичар и уште десет лица во северозападен Пакистан, соопшти денеска локалната полиција, додавајќи дека станува збор за семејна расправија стара 50 години.

Loading...

„Најмалку пет лица отворија оган“ врз возилото во кое се наоѓаше политичарот Атиф Мунсиф Кан, претседател на окружниот совет во провинцијата Хајбер Пахтунхва, и десет други лица, меѓу кои телохранители и полициска придружба, се вели во соопштението.

Локалната полиција додаде дека возилото се запалило и дека сите патници загинале. Нападот се случил на повеќе од 30 километри северно од Исламабад.

Семејството на политичарот убиството го припиша на одмазда. Станува збор за семејна одмазда од пред 50 години, во која претходно биле убиени таткото и дедото на Кан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Почина „најскромниот претседател“. Светот се простува од Хозе Мухика!

Семејните расправии се вообичаени во Пакистан, особено во планинскиот северозападен регион, каде што заедниците се придржуваат до традиционалните племенски кодови на честа.

Овие одмазди можат да траат со години и да бидат насилни.