Масовен помор на риби во Австралија

Сподели со своите пријатели

Жителите на градот Менинди во австралиската држава Нов Јужен Велс утринава открија дека во локалната река има криза со рибниот фонд и дека од вчераутро се уништени милиони риби.

Loading...

Локалните власти соопштија дека изумирањето на рибите е резултат на тековниот топлотен бран во Австралија, кој го погоди и дивиот свет во локалната река Дарлинг-Бака, пренесе Би-Би-Си.

Локалните жители велат дека ова е најголемото убиство на риби досега во оваа река, иако слична катастрофа со масивно убивање на риби во оваа река се случила пред само три години.

Одделот за примарни индустрии на Нов Јужен Велс (DPI) соопшти дека топлотниот бран го ставил екосистемот „под дополнителен стрес“, јави Танјуг.

Поради климатските промени предизвикани од човекот, топлотните бранови станаа почести, поинтензивни и траат подолго.

Планетата веќе се загреа за околу 1,1 степени целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не постигнат значително намалување на емисиите.