Во иднина можеби нема да мораме да се пакуваме за на одмор, веќе да си го понесеме целиот дом во кој живееме со нас, влагодарение на огромните дронови.
Ново истражување од страна на група академици, футуристчки архитекти и урбанисти, дало увид во можностите на тоа како би зигледал светот за 100 години од сега и прилично е возбудливо.
На основа на нивните проценки луѓето ќе живеат во огромни облакодери, кои не само што ќе одат во височина, туку и испод земјата, за да се реши проблемот со претерана населеност. исто така ќе постојат и „градови балони“ кои ќе се наоѓаат под вода како луѓето би можеле да преживеат и во морските длабочини.
3-Д хартијата за печатење, нешто што е реално и денес ќе стане начин на живеење, па така ќе можете да преземето од интернет ваше омилено јадење од светски квуари кое подоцна ќе биде штампано за неколку секунти и спремно за јадење.
Ќе можете на основа на теоријата на овие експерти со 3-Д да печатиме цели куќи со мебел во нив. А кога ќе дојде времето за годишен одмор, наместо да одите на некое обично место како тропскит еострови ќе можете да резервирате комерцијални летови во вселената, затоа што до тогаш ќе заврши колонизацијата на Месечината и Марс.
Изградбата на патиштата можеби веќе нема да биде неопходна, затоа што ќе имаме дронови како превозни средства.