Продолжува пролетната офанзива на Општина Куманово за реконструкција и изградба на улици на повеќе локации во градот.
Во првата полоцина од март се завршени тендерските постапки за реконструкција на шест улици во градот, покажуваат податоците од системот е-набавки.
Асфалт ќе добијат улиците „111“, „112“ и „172“ во населбата Карпош.
Градежни активности наскоро се очекува да започнат и на улицата „Благој Илиев Гуне“ (од улицата „ЈНА“ до улицата „Тоде Мендол“), како и на дел од улицата „Боро Чушкар“.
Тендерските постапки за реконструкција на сите овие улици се веќе завршени, а компанијата „КООП Инжинеринг“, која го добила тендерот, наскоро се очекува да ги започне активностите на терен.
Во меѓувреме во првата половина месецов со бекатон беа реконструирани четири улици во населбата Ајдучка Чешма, а се очекува да започне и реализацијата на пролетно крпење на дупкуте согласно тендерот завршен на крајот на февруари.
Како што вчера објави градоначалникот Максим Димитриевски, моментално се работи на реконструкција на улицата „Ѓуро Ѓаковиќ“.
Инаку во програмата за 2023 година се предвидени реконструкции и изградби на десетици улици во приградските населби и централното градско подрачје.
Никола Ивановски