Оспоруваниот план за пензиски реформи во Франција е во последната законодавна фаза бидејќи денеска мора да биде изгласан од двата дома на парламентот по постојаните протести низ целата земја.
Сенатот и Националното собрание ќе гласаат за предлогот. Комитетот составен од членови на двата дома ги разработи деталите за да се постигне компромисен предлог во средата.
Клучната точка на реформата е да се зголеми старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
Дополнително, треба да се зголеми бројот на години потребни за уплата во пензискиот систем, а минималната пензија да се зголеми на 1.200 евра.
Синдикатите и опозицијата ја критикуваат реформата на Макрон
Реформата се смета за клучен проект на претседателот Емануел Макрон и неговата влада од десниот центар, што се оправдува со заканата од дефицит во пензискиот фонд.
Плановите освен синдикатот ги критикуваше и дел од опозицијата.
Се верува дека Сенатот секако ќе го прифати предлогот.
Во Националното собрание мнозинството не е целосно сигурно, а владата смета на гласовите на конзервативните републиканци во парламентот, кои се поделени.
Вчера илјадници луѓе излегоа на улиците на француските градови на нови протести против реформите.
На улица беа и работниците во транспортот и другите стопански гранки, кои повторно штрајкуваат, но во помал број од претходно.