Силен земјотрес во Колумбија

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди северна Колумбија.

Loading...

Земјотресот се случил во 9 часот и 18 минути на длабочина од 153 километри.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) објави дека епицентарот на земјотресот бил на 38 километри од Флоридабланка и 4 километри од Аратока.

Првите информации говореа дека земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, па подоцна бил коригиран на 5,4 степени.

Засега нема информации за жртви и материјална штета.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)