Рускиот претседател Владимир Путин денеска упати „искрени честитки“ до кинескиот претседател Си Џинпинг, кој ја доби поддршката од парламентот за трет претседателски мандат.
Loading...
„Русија многу го цени вашиот личен придонес за зајакнување на односите меѓу нашите земји“, рече Путин во пораката, соопшти Кремљ.
Тој изрази уверување дека заедничката акција ќе придонесе за соработката на Русија и Кина во повеќе области.
Си Џинпинг денеска го освои историскиот трет мандат како претседател на Кина, по едногласната поддршка во парламентот.