Градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска денеска по повод 8ми Март ги посетија дамите од Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
– На почитуваните припаднички на понежниот пол кои престојуваат во домот, на нивните негователки и персонал им подаривме рози, изразувајќи должна почит кон нив, вели Димитриевски.
Вчера штитеничките на Домот за стари лица во Куманово ги посетија и ученици од кумановската гимназија кои исто така им подарија цвеќе кое подоцна самите ќе можат да го засадат во дворот на установата.
Никола Ивановски