Според метеоролозите на УХМР, и денес се очекува претежно облачно но топло време за овој период од годината.
Наутро и навечер се очекува повисока облачност, додека доцна претпладне и околу пладне се очекуваат подолги сончеви периоди. Ќе дува слаб југоисточен ветер.
Минималната температура во утринските часови се движеше околу 7°С, додека максималната дневна температура ќе се движи од 18°С до 22°С.