Вчера околу 22 часот во селото Слушчане, Н.М. (32) години под сериозна закана ги малтретирал членовите на своето семејство, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Насилникот барал пари во куќата и се заканувал дека доколку не му дадат пари истиот ќе ја запали куќата. Н.М. почнал да крши внатре, а откако му дале 100 евра се заканил на мајка си дека ако татко му не пушти пари преку „Вестерн Унион“ истиот ќе ја запали куќат, стои во соопштението на МВР.
Настанот во полиција го пријавила неговата сестра С.М. при што полициски службеници излегле на местото на настанот и истиот бил приведен во полициска станица и ќе биде задржан се до целосно расчистување на случајот.